Тарвари предвреме се пофали за ослободување на припадникот на УЧК: Тоа беше мисија што ја остваривме

Министерот за здравство и политичар Арбен Таравари гордо се пофали на ФБ дека ослободувањето на поранешниот припадник на УЧК, Блерим Рамадани било мисија која ја остваривме. Еве што напиша Тараваи:

„Го поздравувам ослободувањето на поранешниот војник на УЧК Блерим Рамадани. Да го ослободиме беше мисија што ја остваривме и неговата слобода носи радост за сите нас”.

Одлуката Рамадани, кој е баран по српска потерница, да оди од екстрадиционен во 15 дневен домашен притвор ја донесе Кривичен суд минатата недела и притворот сеуште трае.

Дали Таравари ја навестува бидејќи ја знае или притиска за конечната ослободителна одлука за Рамадани следната недела

Back to top button
Close