Таткото на Фросина го праша Васил: Зошто наместо да возиш право, сврте кон нашето чедо?

Тодор Кулаков, татко на Фросина Кулакова, смета дека двајцата родители треба да одговараат што Васил Јованов имал пристап до автомобилот со кој ја усмртил нивната ќерка. Тој го праша Јованов зошто го свртел воланот, наместо да вози право и удрил во девојката која го загуби животот.

„Кога правдата ја губи вредноста, тогаш државата ја губи душата. Денес не се бориме само за Фросина, туку за ниту едно дете повеќе да не заврши под тркала на безмилосен човек, кој потоа се обидува да избега од одговорност, а судската пракса го потврдува тоа. Фросинче светеше каде и да се појавеше, а нејзиниот живот згасна на најгнасен можен начин. Од ударот лета во воздух. Сите коски и беа искршени, градниот кош и беше отворен, срцето и распукало. Како клучен фактор прашувам: зошто Васил нагло свртува кон неа, зошто не продолжи право? Дали е тоа агресија? Барам одговор, овде пред сите. Зошто, наместо право, сврте кон нашето чедо“, рече Кулаков (skopje1)

Back to top button
Close