Таткото на Коста К. се обидел да се самоубие во притвор?

Владимир Кечмановиќ, таткото на 13-годишниот Коста К. кој уби осуммина и рани седуммина во Врачар во училиште во Белград, се обидел да си го одземе животот во затворската келија. Српски Информер пишува дека Владимир со сета сила ја удрил главата од ѕидот. Префрлен  е во затворската болница во Белград.

Владимир Кечмановиќ, инаку познат доктор радиолог, беше уапсен непосредно по апсењето на неговиот малолетен син. Претходно српските медиуми пишуваа дека тој ќе одговара пред судот.

Меѓу останатото, Владимир го научил својот син да пука и го носел на стрелиште. Двата пиштола со кои Коста К. пукал во училиштето се на таткото. Според министерот Братислав Гашиќ, таткото на распит во полицијата рекол дека не знае како синот ја дознал шифрата од сефот.

Back to top button
Close