Тази ЕУ

Што ќе правиме сега со Бугарија? Нема ние што да правиме со Бугарија. Нека си брка работа ЕУ со Бугарија.

Кога Германија, со таква моќ и со напорот што го вложи, не успеа да го отстрани бугарското вето за небулозни прашања, па уште и Ангела Меркел излезе виновна дека не ги ставила небулозните барања на Бугарија во преговарачката рамка, влезот во ЕУ станува невозможна мисија.

Ние во ЕУ не влегуваме. Лани беше ветото на Макрон оти Франција имаше локални избори. Годинава е ветото на Борисов, оти Бугарија има парламентарни избори. Џабе се занесуваме со поглавја, прогрес рипорти, бенчмаркови, твининг програми, меѓувладина конференција, преговарачка рамка, Лисабонска декларација, Копенхашки критериуми… Во реалниот свет, политиката на проширување на ЕУ зависи од изборните циклуси во 27 земји-членки.

Тоа покажува и колку се сменети европските вредности во кои се колнеме.

Оваа дупка не е дупка. Ова вето не е вето. Ама и оваа ЕУ не е ЕУ.

5. Дали е сега јасно зошто им се лутев на колегите кога организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 го нарекуваа „крвавиот четврток“, „немилите настани“, „собраниските настани“ и слични поезии, место да го именуваат со правото име – организиран напад на Собранието?

Сега Судот ги одбива тужбите за отштета на собраниските известувачи и бара од нив тие да докажат дека имало напад на Собранието. Според Судот, новинарите биле таму на прошетка, а не на работа.

Што сака да каже Судот? Дека политичарите што беа повредени во тој „крвав настан“ се важните, а тие што известија за „крвавиот настан“ не ни постојат. Новинарите му беа добри на Судот како сведоци кога се судеа напаѓачите на Собранието, а не ги признава како жртви. Да не беа новинарите немаше ни да се знае дека имало напад на Собранието.

Можеби Бугарија некогаш ќе го дигне ветото за ЕУ. Ама ние живееме со вакво судство. Ова судство не е за ЕУ.

колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close