Телефонски разговор Кац-Остин за договор за ослободување на израелските заложници
Во моментов постои шанса за договор за ослободување на сите израелски заложници во Газа, вклучително и американски државјани, му рекол израелскиот министер за одбрана Израел Кац во денешниот телефонски разговор на својот американски колега Лојд Остин, соопшти кабинетот на Кац.
– Министерот Кац го информираше министерот за одбрана Остин за преговорите за ослободување на заложниците и рече дека сега има шанса за нов договор што ќе овозможи враќање на сите заложници, вклучително и оние со американско државјанство, се вели во соопштението.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар во вторникот изјави дека израелските власти се „оптимисти“ за договорот за преостанатите 100 заложници во Газа, а Хамас достави список на заложници што предложи да ги ослободи во првата фаза од потенцијалното примирје со Израел, заедно со список на палестински затвореници кои Израел треба да ги ослободи од своите затвори