Телеграма со сочувство од генералниот секретар на СДСМ Николовски до семејството на Амди Бајрам

Скопје, 24 октомври 2020

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, од свое лично име и од името на СДСМ, упати телеграма со сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам, кој почина денеска на 64 годишна возраст.

„Со голема тага ја примив оваа жална вест. Изразувам искрено и длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Амди Бајрам. Во овие моменти на тага сочувствуваме со Вас, за вашата загуба која знаеме дека не може да се надомести.

Амди Бајрам беше долгогодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија, наш коалициски партнер со кој имавме принципиелна соработка, кој учествуваше и во важните процеси за напредок на земјава.

Нека почива во мир!“, стои во телеграмата на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Back to top button
Close