ТЕНДЕРОТ Е КРИВ

Вработени во јавната администрација земаат неплатени одмори по три месеци и заминуваат на сезонска работа во Хрватска, а тука работното место им мирува. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека „оваа појава е лоша и на долг рок, бидејќи тие луѓе заминуваат, таму остваруваат контакти, добиваат понуди за друга работа и можеме да ги загубиме и вработените во јавниот сектор“.

Сочувствувам со грижата на министерот дека ќе изгубиме вработени во јавниот сектор. Кај имаат сигурна плата, кај имаат гарантиран платен годишен одмор, кај имаат споени викенди со сите државни и верски празници, кај уште никој не смее да им забрани да земат три месеци неплатен одмор, кај местото никој не смее да им го земе, сега уште и да се секираме дека ќе направеле контакти во Хрватска и ќе сме останеле без јавна администрација. Толку не сме се загрижиле што останавме без лекари, инженери, мајстори и полицајци, чиешто образовани го плаќаме скапо од колевка до дипломирање, колку што се загриживме дека некој кој тука не можеш да го најдеш да ти удри печат на шалтер, таму ќе се истакне како редач на лежалки на плажа и собарка. Ние тука не можеме да добиеме услуга зошто тие се на печалба на наша сметка. Кој ќе работи на нивно место, ако ги нема четири месеци? Или, толку се многу што не се чувствува нивното отсуство.  Како што не се чувствуваше ни во време на ковидкризата кога работеа од дома.

Како што искоментира еден наш читатела за темава: Оваа јавна администрација е голем таксират за граѓаните.

Сепак, има голем напредок од 2017 кога министерот Дамјан Манчевски ги молеше административците кои седат дома, а земаат плата, да дојдат на работа.

Туку, што има ние да се грижиме. Партиите нека се секираат дека ќе останат без јавна администрација. Тие им се сигурните гласачи.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

Back to top button
Close