ВИДЕО: Тензично спроти поранешен Саем: Повратници од Авганистан во принуден државен карантин, тврдат дека сите се тестирани и негативни

Македонски државјани кои се вратиле од Авганистан се задржани на паркинг спроти поранешниот саем во Скопје, а надлежните им рекле дека ќе мора да одат во државен карантин.

Како што јави Сител, ситуацијата на терен е тензична бидејќи припадниците безбедносните служби ги чуваат двата автобуси, а пристигнати се и семејствата на повратниците. Тие повеќе од четири часа се оставени без вода и без храна во автобусите.

Според семејствата, сите се тестирани во американска база во Авганистан и се негативни, а оние кои на тестот излегле позитивни воопшто не им било дозволено да патуваат назад.

Сепак, од Министерството за здравство за МИА велат дека дел од нив се позитивни.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство.

Засега нема официјален став од Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close