Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево: Загина едно лице, седум пренесени во болница. Учествувал и Кичеец

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, а неофицијално едно лице загинало, објави веб-страницата Гостивар Прес.

Според информации од очевидци, во несреќата, која се случила на местото наречено „Новоселски пат“, учествувале три возила, а повеќе лица се здобиле со повреди и итно се пренесени во болница.

Од МВР велат дека според пријавата во СВР Тетово сообраќајката се случила околу 15:30 часот во близина на Новоселските гробишта и во неа учествувале три возила.

„Во сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес‘, патничко возило БМВ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница ’Ферид Мурад‘ за укажување лекарска помош – велат првичните информации од МВР.

Патот Гостивар-Кичево е затворен за сообраќај во двете насоки, а на терен увид вршат јавен обвинител и екипи од гостиварската полиција

Порталот мкд.мк повикивајќи се на неофицијални информации објави дека во сообраќајката учествувал и Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот Рекет.

Back to top button
Close