Тешка сообраќајка во Србија – едномесечни близнаци се борат за живот

Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад, тешко се повредени две едномесечни близнаци, а како што пренесува српски „Телеграф“, новосадската итна екипа згрижила и превезла двајца мажи на возраст од (43) и (34) и една жена на возраст од 34 години.

Според портпаролот на Институтот за ургентна медицина, д-р Зоран Круљ, на помош на ургентното одделение во Жабаље дошла нивна екипа.

Сите со повеќе политрауматски повреди се пренесени на реанимација во Ургентниот центар.

Екипата на итната помош од Забаље превезла две бебиња.

Тие во тешка состојба се пренесени во одделението за реанимација на Заводот за здравствена заштита на деца и младинци од Војводина

Back to top button
Close