Тестот од државната матура по македонски јазик пробиен Одговорите објавени на вибер група со 7 илјади ученици
Исто како и лани, на Вибер група со речиси 7000 членови се споделуваа решенијата од испитот по мајчин јазик. До редакцијата на Канал 5 пристигнаа фотографии од групата на кои, според тајмингот, се гледа дека учениците уште пред почетокот на испитот го фотографирале тестот, а неколку часа подоцна почнале да се споделуваат и одговорите. Од Државниот испитен центар потврдуваат дека тие се споделените прашања, но не можат да потврдат дали тестот е пробиен претходно или по почетокот на полагањето кога ученици го фотографирале и го препратиле во вибер групата. Директорката на центарот Билјана Михајловска најголем дел од одговорноста за протекувањето на тестот ја гледа во самите тестатори ОБЈАВИ КАНАЛ5.
– Некогаш се случува да носат повеќе од 1 телефон, еден телефон да го остават на местото каде што треба а другиот да го задржат кај себе. Работа на тестаторот е да го забележи тоа. Мислам дека тука има многу улога и тоа тестаторот како ја завршил својата работа бидејки мене ми е неверојатно да некој човек е задолжен да надгледува 15 ученици и воопшто да не забележи некој ученик го извадил телефонот, го фотографирал тестот, па добил текст, па го препишал цел текст од телефон, а притоа тоа да не се забележи воопшто. .
Измените во просториите за полагање на државната матура, доаѓаат откако и лани група средношколци преку Вибер група ги споделуваа тестовите и одговорите на прашањата.. Испитот по мајчин јазик започна во 10 часот утринава и траеше 3 ипол часа. Го нагледуваа околу 2000 тестатори и 250 набљудувачи.
Следниот испит ќе биде на 8ми јуни, а првичните резултати се очекуваат најдоцна до 8 јули. Но каде потоа се гледаат средношколците?