The Thessaloniki agenda

 

Пишува: Ѓорѓи Мисајловски

Премиерот З.Заев изминатата недела со авиончето на СРМ , со натпис на англиски, слета на атинскиот аеродром. Повод традиционалнaтa “тркалезнa маса” на влијателното списание “Економист” кое  објективно пишува за нашата држава. Значи негативно. Состав на делегацијата (2+2 на етничка база) одговара на залагањата на првиот вице премиер на РМ, А. Груби, кој за чудо не допатува. Резултатите од разговорите (поддршка за ЕУ, енергетика , слободен проток на капитал, ковид пандемија (штедевме во људството па др Османи, беше во реалната функција на МНР, а и како поранешен министер за здравство) наскоро ќе бидат видливи. Грција станува наш најголем поддржувач за ЕУ, ускликна под атинскиот Акропол нашиот прв премиер.

Првото одење надвор на нашето ново раководство во репрезентетивен состав, беше учество на “тркалезна маса” која се одржа во Атина. Со тоа се преудицира дека Атина, со која  нели ги решивме проблемите, ни е приоритет во надворешната политика. Дали новата влада после изборите и непотребната релаксација имаше доволно време да се подготви за нови стратегији во надворешната политика а и во реалната економија.

Собранието не функционира, што ја осложнува работава околу верификација на одлуките. И така неподготвени тргнавме за Атина. Забележен е резултат единственото што синот на стариот Мицотакис наводно изјавил дека би сакал (сепак мислам дека ние сме го поканиле) како државник да го посети Скопје, и така и се придружи на сестраму која  повеќе пати ја угостивме. Нели беше пологично, истата оваа екипа да полета за Брисел, посебно што во време на нејзиниот престој под Акропол, Бугарите се обидуваат, пред да започнат преговорите, работите да ги расчистат. Мора да сме добиле   силно уверување од челниците на ЕУ, дека Бугарија не може да го сопре процесот на нашето интегрирање во ЕУ, поради нашето спокојство.

Иницијатива на поранешениот американски амбасадор во Германија, сега близок соработник на претседателот Трамп за средбите на лидерите на Србија и Косово и идејата за нов Маршалов план ќе ја потсети германската канцеларка, на истиот план во 1947 и инспирира за забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ како единствен спас за смирување на конфликтите. Германија е подготвена да ја финишира својата улога во нашиов регион. Затоа сите очи се вперени во Берлин. Макрон има поголеми политички амбиции и на работ е на зголемено недоразбирање со САД поради нејзиниот неоконзервитизам. Косово се надева дека до крајот на годинава ќе дојде до взаемно признавање, не со Израел, туку со Србија. Второто перуанските шамани сеуште не го потврдиле.

Грција постапуваше помудро. Проблемот се името беше ирационален. Го претворија во рационален. Играа на карта дека времето работи за нив, што и ние сметавме дека е добра тактика и за нас. За жал таа беше само за Грциа. Истовремено Атина  формално во рамките на ЕУ агендата не го блокираше процесот. Билатерално ја подобруваше својата преговарачка позиција, благодарејќи на нашите дипломатски грешки и внатрешните несогласувања и не натера во Термопилскиот кланец. Токму за време на грчкото председателство со ЕУ, во Атина во мај 2003 се потпиша ткн. Атинската Декларација (робусното проширување во 2004 на ЕУ со десет нови членки) што беше голем поттик и охрабрување за државите од Западен Балкан да госледат тој пат, посебно  надохновени што Декларацијата   завршува со синтагмата  ” Our Europe is a Europe for all”.

Во исто време ЕУ (Грција председаваше) се разледуваше апликацијата на Хрватска за прием во ЕУ. Еден месец поодоцна истата година (2003) во Солун, град со кој ние сме историски сентиментално поврзани (гемичии , основање на ВМРО, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, паролата “одиме на Солун”,пуста  желбата на ВМРО  за  партиски конгрес). Солунската агенда даде нов квалитет и отвори нови хоризонти во односите на ЕУ со државите од Западен Балкан. Со оваа агенда Грција дипломатски профитира. ЕУ подоцна  знаеше да го награди таквото однесување  и поради своите потреби.

Што постигнавме ние после Солун 2003? Бугарија и Романија без исполнување на условите од Копенхаген беа примени во ЕУ. Xрватска иста година стана кандидат за ЕУ, а десет години подоцна (2013) беше примена во ЕУ. Србија кандидатскиот статус го стекна 2012, а преговорите ги започна 2014, со Дамаклов меч над главата. Црна Гора  стана кандидат за ЕУ во 2012, а почна да преговара во 2014. Двете држави, секоја од свои причини не затворија ниту едно поглавје од преговарачката агенда. БИХ и Косово имаа воглавно козметичко подобрување на  статусот кој произлегува од Дејтонскиот договор и Кумановскиот (Резолуција 1244) договор.

Суштински нема напредок. Секако  државите од регионов полесно се инкорпорија во воената западна алијанса. Хрватска и Албанија во 2009, Црна Гора 2017, а СРМ во 2020. Косово е одавно во НАТО, Србија е воено неутрална , a Босна поради Дејтонската спогодба, практично е вон тој процес. Единствено што се промени што повеќе на шилдовите позади кои седат нашиве званичниици не стои веќе заборавениот акриним ФИРОМ, туку целосно уставно име Република Северна Македонија.

Идејата за пофторување на читателите на  познатите факти е токму пофторувањето на нашите досегашни грешки, а посебно на оние кои произлегуваат од нормализација на односите за соседите. Словачка со Унгарија, Унгарија со Србија, Унгарија со Романија, Хрватска со Словенија, имаа проблеми со соседите. Проблемите ги решија на трајна основа. Меѓународните договори се потпишуваат внимателно. Тие не треба проблемот да го решат формално и за една употреба. Науката има предимство пред политиката. Кај нас тоа се потценува.Тоа остава траг.

Политичката флоксула дека историските прашања ги решавааат историчарите е истрошена о параван е кога спорните прашања не можат да се решат. Политичките одлуки се пресудни, а кобни се ако не се засновуват на научните сознанија. Па зар на нашето МНР не му е јасно какви беа ставовите на Бугарија по прашање на македонскиот идентитет, посебно за македонскиот јазик. Зар на МНР не му беше позната грчката позиција спрема македонското население во Северна Грција.

Ние немавме изградени државни или понереално кажано национални стратегији спрема овие прашања. При потпишувањето на двата историски договори ние бевме во политички цајтнот. Моравме да влечеме брзи потези, а тогаш се прават грешки. Потезети беа политички, со цел стекнување предимство врз домицилните политички актери и уценувањето за прием во НАТО и ЕУ. Национална политика не е дел на науката. Науката се политизира во зависнот кој е на власта.

И сега го правиме тоа. Имаме научни елеменети за соодветна  дипломатска реакција. Дали ви е познато дека нашето МНР сеуште нема соодветна служба за меѓународни односи, туку таа е деградирана и  споена со службата за конзуларни работи? Посебно прашање се кадровите и професионалните кариери. Споредете ги само нпр.  биографиите на грчкиот МНР, алтернативниот грчки  министер во МНР за ЕУ прашања со нашите соодветни персони.

Инжењерот Жерновски, како заменик министер за надворешни работи го наследува професорка по англиски јазик, без ден искуство во дипломатијата како и претходникот, ама потпретседателка е на партијата, чиј што глас помогна да се формира сегашнава коалиција. Замислете во каква позиција ќе се најде доколку се сретне со грчкиот колега М.Варвисиотис. Шеф на кабинетот на новиот МНР е истиот кога ја вршеше функцијата на вицепремиер, одговорен за ЕУ, што не е иста работа. За улогата на еден шеф на Кабинет, пишував повеќе пати. Тој не е личен секретар. Кабинетот е институција.

На крајот да се вратам на почетокот. Настапот на нашата делегација на “тркалезната маса” во Атина од самите наши актери оценета е многу позитивно. Потврдено е пријателството со Грција која секако и понатаму ќе не подржува, истрошена флоксула кога треба да се искаже добра волја за унапредување на односите. Практично подршките изгледаат сосема поинакво.

Тоа го покажува токму сега Бугарија која до вчера не убедуваше дека е наш најголем подржувач за членство во ЕУ. Ние и на таа нејзина позиција немаме национален  став. Минисѕерот Б. Османи, објаснува дека не го видел Меморандумот кои со денови е во рацето на бриселските званичници. Имаме Мисија при ЕУ, Амбасада во Брисел, Мисија на НАТО во Брисел. Па зар на ниту еден наш дипломат не му беше достапен  документот кои е во циркулација.

Тоа зборува за нивниот дипломатски капацитет. Се приближува  Свети Димитрија, патронот на градот Солун, каде е запалено (2003) зеленото светло за нашата европска переспектива. Се надевам дека сепак празникот ќе го пречекаме со чекиран билет за патот кон Брисел. После тоа летиме на  лобирање во  величествениот Лисабон (Португал превзема претседателство со ЕУ во јануари 2021) за потврда дека ЕУ не е повеќе  нашиот сон, туку јаве.

21.09.20

 

Back to top button
Close