„Тикток анестезиологот“ двапати бил одбиен за нострификација на специјализација од Косово во 2014 година

Вести објавени во последните 24 часа: 86

Петочлена комисија од еминентни професори од Катедрата на анестезија на Медицинскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 2014 година двапати се повлекла и одбила да му ја нострифицира специјализацијата од Косово на „ТикТок анестезиологот“ д-р Ваљтон Дервиши, осмничен за несовесно работење во службата и неовластено снимање. Откако не добила документи, комисијата не донела одлука за нострификација, по што се повлекла, меѓу другото и поради политички притисоци од партиски моќници.

Специјализацијата, според извори на САКАМДАКАЖАМ.МК во Министерството за здравство, му е потпишана во 2015 од тогашниот министерНикола Тодоров.

Дервиши ги снимаше жените кои беспомошно лежеа на медицинска интервенција во тетовска гинекологија и ги објави на социјалната мрежа ТикТок.

Анестезиологот е во притвор и се соочува со можност Лекарската комора да му ја одземе лиценцата за работа на најдолго седум години, но претходно му е дадена еднонеделна можност да се брани од обвинението.

Во меѓувреме, Клиничка Болница Тетово изготви нов правилник за тоа како треба да се однесуваат медицинските лица. Она кое до вчера требаше да биде непишано правило, од денес е пишан правилник кој стапува во сила во болницата за сите вработени, но во правилникот има и контроверзни одредби, како на пример дека пред да дадат било каква изјава за медиумите, лекарите треба да ги прашаат „болничките власти“.

Back to top button
Close