Тина Тарнер целото богатство му го оставила на сопругот

Музичката легенда Тина Тарнер во текот на нејзината кариера собрала огромно богатство, проценето е на приближно 250 милиони долари. „Хелоу“ пишува дека Тина Тарнер го решила прашањето за нејзиниот имот години пред нејзината смрт и дека најмногу, му оставила на својот сопруг Ервин Бах (67).

Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска. Само три недели по венчавката, Тина доживеа мозочен удар. Ервин и го спасил животот со тоа што и го донирал својот бубрег во 2017 година.

Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018. Минатата година почина и вториот син на пејачката, Рони. Таа имаше два сина, Ајк Тарнер, Ајк Џуниор и Мајкл, кого го посвоила откако се омажила за бившиот сопруг.Сепак, во 2018 година, Ајк Џуниор, откри дека не разговарал со мајка си речиси 20 години.

„Тина ме воспитуваше од две години. Таа е единствената мајка која некогаш сум ја познавал. Но, не сум зборувал со мајка ми, Господ знае колку долго – веројатно од 2000 година. Мислам дека и брат ми не зборуваше долго со неа. Мајка ми го живее својот живот – има нов сопруг и таа е во Европа. Не сака да има ништо со минатото“, изјавил тој за Дејли Мејл.

Зборувајќи за неговиот брат Мајкл, Ајк Џуниор рекол дека е во установа за опоравување во Јужна Калифорнија и има потреба од медицинска помош.

„Го посетив неколку пати. Супер му е. Тина не го посетува. Се што прави е да му праќа пари“, додал во таа прилика.

Тарнер почина од природна смрт во средата по долга борба со рак на дебелото црево, висок крвен притисок и трансплантација на бубрег. Имаше 83 години, а во својата долга кариера создаде бројни светски хитови.

Таа продала 200 милиони плочи, била вклучена на листата на Бесмртници – најголемите уметници досега, добила дури осум Греми и била вклучена меѓу музичарите во музејот на Куќата на славните на рокенролот.

Back to top button
Close