ТИНУ-НИНУ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисија на ТВ Алсат рече дека „ако сакаме да градиме држава заснована на знаење и компетенции, партиските книшки не смеат да бидат критериум за вработување, туку знаењето и вештините“. Мицкоски ова го кажа при чиста свест. Се руга на интелигенцијата на сите граѓани, вклучително и на оние што мораа да донесат по 10, 20, 40 гласачи за да добијат државна работа, или да ги задржат работните места. Од идеологија ли мораа да испраќаат смс пораки кога ќе изгласаа сите што беа пријавени по список во партијата? Па уште и се жали дека во општините неговите градоначалници би вработувале и архитекти, и градежници и парнаџии и водоводџии, ама немало оти сите си заминале. Зошто си заминале? Да не ги избркаа оти не знаеле да играат оро на комитските вечери? Ако сака да води држава „заснована на знаење и компетенции, а партиските книшки не смеат да бидат критериум за вработување“, тогаш зошто новите градоначалници ги избркаа досегашните СДСМ-овски директори? Овие новиве што ги примија без партиски книшки ли се?

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК мк

Back to top button
Close