,,Титаник 2″ стигна во Апелација, застарува за 28 дена
Пред четири дена предметот ,,Титаник 2″ стигнал во Апелација. Сега од судот се очекува експресно да донесе второстепена одлука, бидејќи еден дел од предметот застарува на 7 април. Ова значи дека доколку судот не одлучи за 28 дена од сега, делото за кое се гони екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, ќе застари.

Од Апелација информираат дека предметот го примиле на 7 март, но како што е редот најпрво го испратиле во Вишото обвинителство.
-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека во Апелациониот суд Скопје примен е предметот „Титаник 2“ на ден 07.03.2023 година, заведен е под КОКЖ-43/23 и согласно одредбите на Законот за кривична постапка доставен е на мислење во Вишо јавно обвинителство Скопје на ден 08.03.2023 година, стои во соопштението на Апелациниот суд.






