Топ тема во Бугарските медиуми- Дали во спотот на нашиот претставник за евровизија се појавува знамето на Бугарија?

 

Спотот за песната со која на годинашнава евровизија во изведба на пеачот Васил Гарванлиев синока по официјалната промоција на дневникот на МТВ предизвика реакција на социјалните мрежи и критики дека во спотот се појавува знамето на соседна Бугарија со која овој период после ветото од нивна страна односите ни се исклучително затегнати . Интерес за овој како што на социјалните мрежи предизвикал скандал пројавија и бугарските медиуми . Голем број денеска за ова пишуваат и објавуваат како ударна вест. Од државната БНТ (BLGARIJA ON AIR ) направија и видео сторија што стои зад ова,дали е навистина скандал или тие пто критикуваат погрешно протолкувале дека се појавило во спотот знамето на Бугарија. Од телевизијата коментар побарале од новинарот кој следи шоу биз Зоран Василевски Фаци кој е еден кој на фејсбук ја започна бркотницата околу спотот. Фаци за Бугарската тв вели дека статусот инстаграм напишал ‘ коинциденција или не бугарското знаме во спотот на Гарванлиев“ . Вели дека статусот го напишал повеке на шега бидејки тој следи шоу биз а не политика и дека не очекувал толку реакции. Тој за бугарската тв вели дека е утврдено дека не се работи за знамето на Бугарија во спотот туку дека дел од него е сниман во галеријата во Даут пашиниот амам во Скопската стара чаршија каде пто подолго време е сместена уметничка поставла од познатата авторка уметник Вангели со нејзината уметничко дело за кое инспирација и бил Исус Христус. Боите кои ги има на оваа поставка се идентилни со бугарското знаме зелена бела и црвена но на официјалното знаме на Бугарија тие се поставени коризонтално а во уметничката поставка истите се во вертикалнположба. Во видеото видете што го интересираше бугарскиот новинар и нашиот Зоран Фаци за бурата на социјалните мрежи за која се испостави дека била непотребна оти едноставно нема скандал односно не се работи за бугарско знаме во спотот на македонската песна на престојната евровизија.

Back to top button
Close