Топлотен бран во западна Европа – стигнува и кај нас

Овој викенд делови од западна Европа захатени се од екстремни горештини кои се предизвикани од жежок бран на воздухот од Африка.

Во Франција и Шпанија срушени се температурните рекорди за ова време од годината, а болниците и електроенергетските мрежи се најдоа под притисок.

Метеоролозите во Франција предвидуваат дека температурите во некои делови од земјата денеска ќе достигнат 42 степени Целзиусови.

Научниците предупредуваат дека климатските промени предизвикуваат вакви периоди на интензивни горештини да се појавуваат се порано и се уште поинтензивни.

Топлинскиот бран кој ја зафати Франција е најран таков бран од почетокот на мерењата во 1947 година, објави француската сржавна метеоролошка агенција.

Земјоделците во Италија предупредуваат на влијанието на сушата врз родот. Нивоата на водата во реката По паднаа за 75 отсто во однос на просекот. Во шпанскиот регион Каталонија пожарникарите се борат со шумски пожари.

И кај нас се најавуваат пеколни горештини идната недела

Следува период на постабилно време. Ќе преовладува сончево со повремено зголемување на облачноста и со постепен пораст на дневните температури. Услови за појава на краткотраен пороен дожд понекаде и со грмежи ќе има утре на крајниот југоисток, но и во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.

Температурата на воздухот е во пораст, па од 33 степени во понеделник, кон крајот на неделата, четврток и петок се очекува да достигнат и до 38 степени Целзиусови

Back to top button
Close