Тошковски: Со Бојмацалиев имаме коректна соработка, техничката влада функционира катастрофално
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за МИА вели дека односот со неговиот заменик Митко Бојмацалиев е коректен.
-Нормално е да имаме несогласувања за одредени теми од аспект дали јас имам право сам да потпишувам или тој смета дека немам право да потпишувам – тоа е најнормално, но имаме коректна соработка и се надевам дека истата ќе продолжи така. За разлика од коректната соработка со дополнителниот и заменикот, морам да изразам огромна загриженост за незаконитоста во работењето на Владата заради тоа што Владата е таа која што треба да пресече и сите одлуки коишто ги носи ги носи незаконски, посочува Тошковски.
Техничката влада, според Тошковски, функционира катастрофално, укажувајќи дека основните законски обврски кои што треба да ги почитува, не ги почитува.
– Тотално без никакво правно и суштинско образложение, особено во делот на авторитарното право кое што Владата го смета дека и го дал Господ, ама не и законот да ми ги даде само ограничен од началниците на СВР коишто апсолутно имам право да ги барам по закон и притоа само за СВР Тетово да не ми дозволи да поставам јас дополнителен началник којшто ќе биде по мој избор, а дополнителниот да постави дополнителен началник којшто ќе биде по него избор. Тоа е прв факт кај што направиле катастрофален фаул и за којшто детално ги информирам сите претставници на меѓународна заедница и истите морам да кажам дека изразуваат огромна загриженост на демократскиот капацитет на оваа држава во делот на спроведување на фер и демократски избори, изјави Тошковски.
Најголем проблем, подвлекува тој, е тоа што преземаа обврска формално правно да образложат зошто го направиле тоа, а веќе месец дена нема образложение зошто.
– Не име и презиме, туку позиција началник на СВР Тетово не ми е дадена мене, а позиција дополнителен началник на СВР Тетово не му е дадена на дополнителниот заменик министер – не ми е јасно како одлука е донесена од страна на Владата и зошто до ден денеска немаме правно образложение, вели Тошковски