Тошковски за опожарените возила во Куманово: Можеби станува збор за фактури од минатото или…

Добро организирана група стои зад инцидентите што се случија пред два дена во Куманово, кога беа запалени неколку возила и фотокопирница, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и додаде дека во текот на предистрагата не може да дава повеќе информации.

„За случајот во Скопје можеме да се сомневаме дали децава предизвикале случајно или некој соодветно ги мотивирал, но во вториот случај со палењето на возилата станува збор за добро организирана група“,изјави Тошковски.

Министерот рече дека во овој момент не би сакал дополнително да претпоставува и коментира зошто возилата и објектите се на функционери на ДУИ бидејќи случајот е во фаза на предистрага.

„Имаше претпоставки кои беа споделени во јавноста од различни страни. Можеби станува збор за неиспорачани фактури од минатото, можеби станува збор за подгревање на тензиите, можеби станува збор за сосема трети причини. Моментално мислам дека не би било соодветно да говорам зашто сме во фаза на предизстрага“, додаде министерот.

 

Back to top button
Close