Тошковски: Засилени полициски активности – Минатата недела запленивме 30 000 до 40 000 пиротехнички средства
Тошковски, на прашања на новинари пред Скопје Сити Мол, изјави дека минатата недела во Скопје се одземени 30 000 – 40 000 пиротехнички средства. Вакви акции имало и во Валандово, Свети Николе и други градови, при што се поднесени соодветни пријави.
– Присутни сме на терен, обезбедувањето комуницира со луѓето, ги следиме состојбите,.. Сите овие превентивни дејства се преземаат за што побрзо откривање каков било криминалитет, тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва,…, рече Тошковски.
Синоќа, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во јавноста излезе со вест дека малолетници во Капиштец палеле петарди. Коментирајќи го инцидентот, Тошковски изјави дека ваквите ситуации не се ретки.
– Три вакви настани се регистрирани изминатиов период, се поставува од страна на МВР. Најголем дел од лицата се малолетници и во однос на нив се преземаат соодветни постапки. Реагираме, но се повторуваат ваквите несакани настани. Ќе сториме се за превенирање, но преземеме и репресивни мерки ако е потребно. Мора и родителите да поведат сметка, порача министерот.