ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА ПО ПОДМОРНИЦАТА! Сите пет членови на екипажот загинаа, нивните тела веројатно никогаш нема да бидат пронајдени!


Челниците на компанијата „Оушн Гејт“ преку соопштение потврдија дека сите пет членови на екипажот во подморницата го загубиле животот

Веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзад Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, како и Хамиш Хардинг и Пол-Анри Нарголе, трагично ги загубија своите животи

Овие луѓе беа искрени истражувачи кои споделуваа авантуристички дух и длабока страст за истражување и заштита на светските океани. Нашите срца се со оние пет души и со секој член од нивните семејства за време на оваа трагедија. Сочувствуваме со болката за загубата на нивните животи и ја цениме радоста што им ја донесоа на сите што ги познаваа“, се вели во соопштението.

Трагичниот крај го потврди и американската крајбрежна стража, која наведе дека делови од подморницата се пронајдени во близина на потонатиот брод Титаник.

Си-Ен-Ен јавува дека два дела од подморницата биле пронајдени на 3.800 метри под вода, на околу 500 метри од лакот на Титаник.

Официјалните лица сè уште не кажале дали подморницата стигнала до Титаник или дали загинале пред да ги видат остатоците. Трупот сè уште не е пронајден, но откриени се два многу важни делови од целиот систем кои немаше да бидат пронајдени доколку садот не беше распарчен.

Полето со парчињатата укажува дека подморницата се распаднала. Знаеме дека ја изгубиле комуникацијата на околу 3.300 метри длабочина…
Така што тоа навистина укажува на најлошото сценарио, а тоа е катастрофален неуспех или имплозија. Единствената олеснителна околност е што смртта настапила во милисекунди и патниците не знаеле што се случува“.изјави експертот за спасување и пријател на двајцата мажи заробени во подморницата, Дејвид Мернс,

Американската крајбрежна стража, претходно на Твитер објави дека во четвртокот во близина на потонатиот брод „Титаник“ е пронајдено „поле со отпад“.

Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.

Back to top button
Close