Трамп: Белата куќа ја водат фашисти, марксисти, комунисти, на Бајден му го одземаа мандатот како да е дете

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека одлуките во Белата куќа ги носат група „фашисти, комунисти и марксисти“. Во интервју за „Фокс њуз“, тој рече дека „тие“, за разлика од него, се закана за демократијата.

– Мислам, погледнете што му направија на Џо Бајден. Му ја одзедоа кандидатурата за претседател како да е дете. Му ја одзедоа претседателската функција. Неговата сопруга не сакаше тоа да се случи – рече Трамп.

 

Како што рече, демократите учествуваа во „државен удар“ со заменување на Бајден на врвот на листата со потпретседателката Камала Харис, неколку месеци откако милиони гласачи го дадоа својот глас.

На прашањето на новинарот кој ја води земјата додека Харис е на кампањата, поранешниот претседател рече „група луѓе кои се фашисти, комунисти, марксисти“.

На новинарско прашање дали тој мисли дека Бајден не носи ниту една од големите одлуки, Трамп кратко изјави дека „тој не знае дека е жив“, јави Танјуг.

Back to top button
Close