Трамп и Путин разговараа за самитот на Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за неговата идеја да се одржи самитот на Г7 и можноста да ги покани лидерите водачите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја да присуствуваат на самитот, соопшти Кремљ.

Според соопштението на Кремљ, телефонскиот разговор бил направен по иницијатива на САД.

Лидерите на двете земји ја истакнаа важноста за унапредување на руско-американскиот дијалог за прашањето на стратешката стабилност и мерките за изградба на доверба во воената сфера, се додава во документот.

– Договорено е да се одржуваат контакти на различни нивоа, додаде Кремљ.

Во соопштението се истакнува дека Путин и Трамп разговарале и за енергетиката, вселенската соработка и борбата против коронавирусот.

Путин им се заблагодари на САД за респираторите кои и беа доставени на Русија.

Тој, исто така му честиташе на Трамп за успешното лансирање на вселенското летало „Кру Драгон“ на 30 мај, со кое американските астронаути стигнаа до Меѓународната вселенска станица.

– Потврдена е взаемната посветеност за развој на заемно корисна соработка во вселената, се додава во соопштението.

Трамп и Путин разговараа и за ситуацијата на глобалниот пазар на нафта, имајќи го предвид договорот потпишан од членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и други земји извознички на нафта.

Двајцата лидерите истакнаа дека мултилатералниот договор е постигнат со нивна активна поддршка и оти со него постепено се оживува побарувачката на нафта и се стабилизираат цените.

Кремљ во соопштението додава дека телефонскиот разговор бил „конструктивен, претежно посветен на економијата и важен“.

Back to top button
Close