Трамп имал еден час многу добар разговор со Зеленски
Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски предмалку заврши, објкави американскиот претседател на неговата социјална мрежа Вистина, пренесе Би-Би-Си.
Во објавата на „Вистина“, Трамп го опиша повикот како „многу добар“ и дека траел околу еден час.
„Голем дел од дискусијата се темелеше на вчерашниот телефонски разговор со претседателот Путин со цел да се усогласат и Русија и Украина во однос на нивните барања и потреби“, напиша тој.
„Ние сме многу на добар пат“, додаде Трамп.
Трамп рече дека побарал од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц „да дадат точен опис на точките за кои се разговарало“.
Дополнителна изјава ќе биде објавена „наскоро“, додаде тој.