Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера остварил „многу добар и продуктивен“ разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска Белата куќа и додаде дека Трамп се надева дека Украина и Русија ќе постигнат договор следната недела за предложеното 30-дневно примирје.
Портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, која денеска се обрати пред новинарите на брифинг во Белата куќа, повтори дека средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин следната недела на Блискиот Исток нема да има