Трамп: Ме бараат и ми го бакнуваат задникот, умираат од желба да се договориме

Претседателот Доналд Трамп се пофали во вторникот вечерта дека светските лидери се во паника поради неговите огромни глобални царини за увоз на стоки и производи.

„Повеќе земји ме бараат и ми го бакнуваат задникот. Умираат од желба за да склучат договор“, рекол Трамп за време на неговото обраќање пред Националниот републикански конгресен комитет.

„Умираат од желба да се договориме“, додал тој. Со тоа, Трамп ги исмевал светските лидери кои го молеле за договор.

„Ве молам, ве молам, господине, да се договориме. Ќе направиме се“, го имитирал Трамп наводното однесување на дел од погодените емји.

Трамп, исто така, се пофалил дека ги имал „најуспешните 100 дена во историјата на оваа земја“, очигледно заборавајќи на громогласните падови на светските берзи откако ги објави своите царини, гневните републикански состаноци и големиот национален протест против неговата администрација само неколку дена претходно, пишува „Индипендент”.

(Локално)

Back to top button
Close