Трамп: Решавањето на украинскиот конфликт е поблиску отколку што мислат луѓето

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека решавањето на конфликтот во Украина е „поблиску отколку што луѓето сфаќаат“ и оти за тоа прашање ќе разговара на Самитот на НАТО во Турција.
Тој додаде дека и Москва и Киев се посветени на решавање на конфликтот во Украина.
– Претседателот Путин сака ова да заврши. Ви го кажувам ова многу категорично, истакна Трамп.
Американскиот претседател посочи и дека за време на викендот имал добар телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин.
– Тој сака да заврши ова. И Украина сака да заврши ова. И ние преговараме, посочи Трамп, при тоа додавајќи оти и украинскиот претседател Володимир Зеленски „сака ова да заврши сега“.
Трамп изрази оптимизам дека на претстојниот Самит на НАТО во Анкара ќе биде изнајдено решение за завршување на војната во Украина.






