Трас беше премиерка само 45 дена, но доживотно ќе добива по 115.000 фунти годишно

Лиз Траз по само 45 дена ја напушти премиерската позиција во Велика Британија, но нема премногу да жали затоа што до крајот на животот годишно ќе добива по 115.000 фунти.
Според Владата на Обединетото кралство, сите поранешни премиери имаат обезбеден годишен надоместок од 115.000 фунти.
За да ги исполни условите, Трас треба да стане поранешен премиер на државата, а интересно е тоа што постави и неславен рекорд за најкратко владеење во историјата на Велика Британија.






