Треба да излеземе од прва минута за победа против Естонија, вели Димитријевиќ

Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Димитријевиќ пред претставниците на медиумите изјави дека едвај чека да дојде мечот од квалификациите со Естонија и дека тимот ќе биде подготвен.

-Естонија се незгодна екипа. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивниот терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот, посочи нашиот најдобар кошаркар.

Верува дека заедносо Ти Џеј Шортс ќе се навикнат еден на друг и ќе направат да профункционира врската за успех на репрезентацијата.

-Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени. Прво мислам дека треба да бидеме пофизички подготвени. Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивната физикалност и да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Треба да излеземе од прва минута за победа, заклучи Димитријевиќ.

Back to top button
Close