Три лица приведени, четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала четири случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода, информира МВР.

Во Охрид, во раните утрински часови, приведен е 55-годишен маж од Велес, кој престојувал во градот, по пријава од неговата 21-годишна партнерка дека физички ја нападнал во домот, при што го удрил и нивното бебе.

Во Свети Николе, 50-годишен маж бил лишен од слобода откако сопругата пријавила дека ја нападнал во семејниот дом. При проверките било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со 1,29 промили во крвта.

Во Скопје, полицијата привела 39-годишен маж по пријава од неговата сопруга дека ја нападнал, ѝ упатил закани и ѝ го оштетил мобилниот телефон.

Дополнително, евидентиран е и случај во кој 26-годишна девојка пријавила дека физички ја нападнала својата мајка, по што, според пријавеното, и самата била нападната од мајката и нејзиниот брат.

Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close