Тридневна жалост по нападот на болницата во Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по воздушниот напад врз болницата Ал Ахли во Газа, јавуваат палестинските државни медиуми.

Како што јави претходно Би-Би-Си, Израелците рекоа дека причината за пожарот во болницата не е јасна и оти војската се уште истражува.

Би-Би-Си успеа да разговара со неименуван доктор кој работи во болницата. Тој за програмата Њузаур (Newshour) на Светскиот сервис на Би-Би-Си изјави дека местото на нападот, каде биле засолнети околу 4.000 раселени лица, е целосно уништено.

Тој додаде дека 80 отсто од болницата не е во функција, а во експлозијата загинале или се повредени стотици луѓе.

Тој рече дека болницата е празна бидејќи луѓето се зафатени обидувајќи се да ги спасат преживеаните од нападот, јави Би-Би-Си.

Back to top button
Close