Тригодишно момче се задуши од грозје во Грција
Трагедија се случила на грчкиот остров Тинос, откако тригодишник се задушил јадејќи грозје, пренесува грчка „Прототема“.
Според информациите, таткото веднаш го однел момчето во полициска станица, која се наоѓа во близина на семејната куќа.
Таму му пружиле прва помош и во таа прилика од устата на момчето извадиле најмалку две зрна грозје.
Сепак, додека момчето било однесено до болницата со полициско возило, веќе било доцна.
Тоа починало