Трогателно е бугарското неснаоѓање со Македонија

Откако неверојатно детално и енергично ја упропастија историската можност да станат патрони на македонскиот евро-интегративен пат, од сега, па до вечноста; откако со месеци, во огнен дипломатско-политички бараж, ги истураат сите потиснати минатовековни фрустрации врз главите на вчудовидената ововековна македонска јавност (која, дувајќи на историската балканска маштеница, никогаш и немала навика на соседите од исток да гледа со големо пријателство); откако, без око да им трепне, го „потрошија“ трпението и идеолошко-политичката флексибилност на човекот-гума-другàрче Заев (кој, кога ќе ја заврши политичката кариера овде, ќе замине во мисионерска посредничка мисија за изнаоѓање компромис помеѓу популациите на најотровните видови на кобрите и оние на зелените мамби во Конго, бивша Киншаса); откако помислија дека ќе останеме импресионирани од еден провинциски политички провокатор како Каракачанов, но и од компулсивно-опсесивните навреди во квази-европските „бели ракавици“ на Захариева и Џамбаски… Значи, откако се сетија да направат сè во корист на сопствената – и наша – регионална штета, сега се скандализираат од некои реакции во македонската јавност во врска со гестот на Вучиќ да ѝ помогне со неколку илјади вакцини на Македонија во оваа мизерија со пандемијава.

Демек – а-хааа! – на Србија во Македонија се гледа со многу поголемо пријателство, отколку во случајот со Бугарија! Бугарскиот евро-пратеник Џамбаски дури тврди дека кон Вучиќ во Македонија се негува „култ на личноста“, дури и пошироко од светогледот на Српче Богдановиќ.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close