Тропската бура Кристобал му се заканува на југоистокот на САД

Тропската бура Кристобал, што се движи кон југоисточниот дел на САД, веќе предизвика торнадо на Флорида и обилни дождови, како и поплави во Мексико и Централна Америка.

Се очекува бурата вечерва да го погоди американското тло, но се проценува дека нема да се претвори во ураган.

Во торнадото во Орландо, на Флорида, нема повредени, но има многу урнати дрвјата и дојде до прекин на електричната енергија.

Американскиот Центар за урагани предвидува дека тропската бура ќе предизвика големи дождови на потегот од источен Тексас до Флорида.

Гувернерот на Луизијана, државата која многу пати досега беше погодена од урагани, прогласи вонредна состојба пред потенцијалниот удар на тропската бура, пренесе Гласот на Америка.

-Време е да направите планови за итни случаи, но овој пат тие да вклучуваат и маски и средства за дезинфекција, со оглед дека продолжуваме да се бориме и против пандемијата на коронавирусот, кажа гувернерот Џон Бејл Едвардс.

Во некои предградија на Љу Орлеанс надлежните служби повикаа на доброволна евакуација заради опасноста од бранови и поплави што ќе ги донесе бурата.

Back to top button
Close