Турција: Се затвора рудникот за јаглен во кој загинаа 41 рудар

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.

Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи.

 

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека очекуваат што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот.

 

Едната верзија е дека експлозијата била предизвикана од експлозија на каустичен гас, што го предизвикало и пожарот во галериите лоцирани на длабочина од 300 и 250 метри.

Друга верзија што беше објавена порано е дека дефект во трансформатор го предизвикал пожарот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

Back to top button
Close