ТВ24: Клубот „Ванчо Михајлов“ имал простории во Стопанска банка Битола на несудениот конзул Орце Камчев

5 март 2019 година. Статутот, актот за основање и програмата, заедно со сите останати документи на здружението културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола добиле „амин“ од Централниот регистар, со што официјално станало активно здружение во Македонија.

Отворено е без памфлети, скромно, а според информациите кои ги пренесе ТВ24, паднал договор да делува во приземни простории, сопственост на „Стопанска Банка“ АД Битола, сопственост на несудениот бугарски конзул во Македонија – бизнисменот Орце Камчев кој во моментов ја издржува осуммесечната затворска казна за случајот „Империја“.

(…)

Сега клубот се наоѓа на атрактивна локација во Битола позади Католичката црква, близу пионерскиот дом и наспроти куќата на Евреинот Челебон Франко. Таму е под кирија од 2021 година, а според информациите на ТВ24, за уредување и кирија, на име на проект, клубот добил 40.000 евра од бугарскиот конзулат.

Официјалните податоци покажуваат дека клубот како здружение го формирале петмина, а едниот од нив Љупчо Ѓоргиевски, својот потпис го дал и за основање на уште едно здружение – Македонско патриотско здружение Тодор Александров во Битола.

повеќе

Back to top button
Close