Уапсен државјанин на Турција – криумчарел мигранти од Египет

Полицијата утрово во 02.50 часот на на регионалниот пат Неготино-Градско уапсила 44-годишен маж од Република Турција, кој бил затекнат како со своето возило „рено клио“ превезувал пет лица мигранти од Египет.

Од МВР информираат дека возилото било одземено, а возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close