Уапсен најбараниот Албанец од Интерпол во Еквадор

Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Тирана.

„Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е  уапсен во  León Febres Cordero Avenue на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол  Холандија од 15 март откако истражителите го лоцирале“, пренесува АБЦ њуз.

Според истрагата, во 2010 година тој побегнал од Холандија, чие државјанство поседувал, најпрво во Перу, а од 2018 година живеел во Еквадор со сопругата и ќерката, преминувајќи ја границата по копнен пат.

Таму бил регистриран како трговец со овошје, исто како и во Барселона, Шпанија, што му овозможувало да ги избегнува полициските власти.

Уапсен е додека управувал камион, а одземени му биле шест мобилни телефони.

Back to top button
Close