Уапсен убиецот на директорот на „UnitedHealthcare“ – фатен во Мекдоналдс, бил возмемирен кога полицијата му поставила едно прашање

Луиџи Николас Манџионе (26) е обвинет за убиство на извршниот директор на „UnitedHealthcare“ Брајан Томпсон пред хотелот Хилтон во Њујорк.

Полицијата го уапсила Манџионе вчера, откако вработен во Мекдоналдс во Пенсилванија пријавил дека осомничениот е во ресторанот.

Манџионе, претходно обвинет во Алтона за кривични дела поврзани оружје и фалсификат, е префрлен во Њујорк.

Коха полицијата пристигнала во Мекдоналдс каде што бил забележан осомничениот, побарале од него да ја симне сината медицинска маска и „веднаш го препознале“.

„Не размислувавме двапати, знаевме дека тој е нашиот човек. Убаво е чувството да се тргне од улица таков тип, особено кога ја започнав кариерата на овој начин, тоа е одлично чувство“, рече Фрај.

Судските документи велат дека Манџионе почнал да се тресе кога полицајците го прашале дали неодамна бил во Њујорк.

Гувернерот на Њујорк, Џош Шапиро истакна дека „во некои темни агли овој убиец се слави како херој“.

„Слушајте ме, тој не е херој. Вистинскиот херој во оваа приказна е личноста која утрово се јавила на 911 во Мекдоналдс“, рекол тој.

Полицијата пронашла документ од три страници со текст што сугерира дека Манџионе била критичен кон „корпоративна Америка“, вели Кени.

Да потсетиме дека Томпсон (50) беше убиен минатата среда додека одеше до хотелот каде „UnitedHealth Group“ ја одржуваше годишната конференција за инвеститори. На видеото се гледа како напаѓачот полека оди зад Томпсон и пука пред хотелот Хилтон. Инспекторите го опишаа нападот како „намерен и смислен напад со предумисла“.

Back to top button
Close