Љубе Бошкоски заразен со корона, во Челопек прави ајвар и лутеница

Во споредба со 11 години изолација, што е оваа од 10 дена, во негов шеговит стил вели Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија. А причина за изолација е што е заразен со корона и деновите што задолжително мора да биде во карантин, ги поминува во Челопек, тетовско. Тој за mms.mk рече дека нема простор за паника, за среќа, има лесни симптоми, но заради задравјето на неговите блиски, а најмногу за внучето, ќе биде изолиран се додека не добие негативен тест.

-Короната ја добив од близок пријател, а во овааа ситуација веќе не е ни важно од кој. И не знав, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова. Нема потреба од паника, нели на 100 степени умираат бактериите, значи стерилизирано е. Морам со нешто да се занимавам инаку досадно е. Самотијата утепува. „100 години самотија “ од Маркес. Не сакам да цртам, бидејќи цртањето ќе ме потсети на затвор, вели во свој стил Бошковски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Back to top button
Close