Убиен палестински новинар и членови на неговото семејство

Палестински новинар кој работел за ТВ Ал-Кудс бил убиен заедно со некои од членовите на неговото семејство во воздушен напад врз нивниот дом во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, објавија здравствените власти и колегите новинари. Канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека 106 палестински новинари биле убиени во израелската офанзива.

Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) минатата недела објави дека првите 10 недели од војната меѓу Израел и Газа биле најсмртоносниот период за новинарите, со најмногу убиени новинари во една година на една локација.

Повеќето од новинарите и медиумските работници убиени во војната беа Палестинци. Во извештајот на CPJ со седиште во САД се вели дека е „особено загрижена поради очигледната шема на таргетирање на новинарите и нивните семејства од страна на израелската војска“.

Back to top button
Close