Убиените руски војници во ладилници, Украина подготвена да и ги даде на Русија

Украинската војска соопшти дека е подготвена да ги испрати телата на руските војници назад во Русија во согласност со меѓународното право, пренесе Ројтерс.Властите велат дека телата биле натоварени во ладилници по борбите во Киев и регионот Черниговски.

– Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго се придржува до нив, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните мора да ги вратат телата на армијата на друга земја. Украина е подготвена да му ги врати телата на агресорот – изјави Володимир Ламзин, шеф на украинската цивилно-воена соработка.

Тој рече дека неколку ладилници се стационирани во различни региони низ Украина.

 

 

Back to top button
Close