Убиство во Италија: Албански бизнисмен пронајден мртов во Торино

Албанскиот бизнисмен Фатмир Ара, кој исчезна пред два дена, е пронајден мртов во селото Сан Карло Канавесе во Торино, јавуваат „Репортери“.

Италијанските медиуми јавуваат дека телото било пронајдено на земја, на неколку чекори од темниот автомобил паркиран покрај патот и дека се работи за убиство.

Ара (43) е по потекло од Албанија, а живеел во Мати (Торино). Тој бил пријавен за исчезнат на 2 септември. Обвинителството од градот Ивреа работи на расветлување на околностите на настанот.

Бизнисменот Фатмир Ара не е непознато име за италијанските власти.

Пред неколку години тој бил уапсен и осуден на три години затвор. Против Албанецот тогаш биле поднесени повеќе пријави од неговата сопруга за насилство, а тој бил осомничен и за носење оружје без дозвола, пренесуваат медиумите.

Помеѓу другото, неговата сопруга тогаш го обвинила дека е вклучен во нелегална работа, пренесуваат медиумите.

 

 

 

Back to top button
Close