Ученик од Битола на Тик-Ток објавил список на ученици за „ликвидација“

Ученик во седмо одделение на друштвената мрежа Тик-Ток обајвил листа со име и презиме на свои соученици и се заканил дека ќе ги ликвидира. Во објавата е наведен и точниот датум.

Директорот на основното училиште Стив Наумов од Битола во разговор за 4news.mk вели дека е одржан родителски состанок и дека известени се МВР и Центарот за социјални работи. Потврдува дека инцидентот се случил надвор од училишните клупи.

„Во рамките на нашите надлежности, училиштето презеде соодветни мерки за заштита и поддршка на учениците, како и активности за смирување на состојбата и обезбедување безбедна и сигурна средина за сите ученици и вработени. Апелираме до јавноста за воздржаност од ширење на непроверени информации и за почитување на приватноста и достоинството на сите инволвирани лица, особено имајќи предвид дека станува збор за малолетници. Безбедноста и благосостојбата на учениците останува наш највисок приоритет и училиштето ќе продои да соработува со надлежните институции до целосно разрешување на случајот“, потенцира директорот Николе Пискачев.

Иако содржините не биле објавувани во рамките на училиштето, ниту за време на наставниот процес во училиштето, по добиената претставка од група родители до ДПИ, училиштето без одлагање ги извести надлежните институции – Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјални работи и подрачното одделение за образование на општина Битола, со цел случајот целосно да се испита и понатаму институционално да се постапува по истиот.

Родителите на ученикот најавиле дека ќе го променат училиштето.

Пред три години во Белград 13 годишниот Коста К. со список отиде во училиште и усмрти голем број на свои врсници и чуварот во училиштето.

Back to top button
Close