Училиштето „Васил Антевски Дрен“ ја доби Европската награда за иновативна настава 2024

Училиштето СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, е добитник на престижната European Innovative Teaching Award 2024, благодарение на нивниот Erasmus+ проект: “Подобро ментално здравје на учениците преку иновативни методи, техники и компетенции на наставниците”, кој беше препознаен како еден од најдобрите во Европа.

-Ова признание е доказ за посветената работа на целиот наш тим и истакнува колку е значајна темата на менталното здравје и благосостојбата во училиштата.

На 15.11.2024 во Брисел, нашиот наставник Radojce Helman Радојка Хелман Денковска, како координатор на проектот, присуствуваше на церемонија каде и беше врачена оваа престижна награда. Ова е успех на сите нас – на учениците, наставниците, родителите и партнерите кои веруваа во нашата визија за образование кое го негува и умот и срцето.

Благодарност до Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност за довербата и подршката и до Cekdev, нашиот партнер и провајдер и до сите оние кои ја подржаа оваа иницијатива.

Продолжуваме со заложби за подобра и поинклузивна иднина за нашите ученици. За доброто на сите, за доброто на нашите ученици, вели Тања Јовановска, директор на школото поддржувач на ЕРАЗМУС проекти со цел јакнење на компетенциите на наставниците и унапредување на воспитно- образовниот процес.

Back to top button
Close