УЕФА ги одби барањата на Грција: Кратенката “МКД” е во согласност со Договорот од Преспа

УЕФА ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на ЕП испрати протестно писмо за употребата на кратенката МКД , но и за користењето на логото ФФМ на дресовите на фудбалерите.

„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“, велат од УЕФА

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close