Украина соопшти дека соборила воен авион, крстосувачка ракета и 12 беспилотни летала испратени од Русија

Украинската армија изминатата ноќ собори ловец-бомбардер Су-34, крстосувачка ракета Х-59 и 12 беспилотни летала испратени од Русија, јавија западни агенции, повикувајќи се на изјава на командантот на воздухопловните сили на Украина, Микола Олешчук.

„Сакам да им се заблагодарам на единиците на воздухопловните сили за нивната успешна борбена активност. Ви посакувам убав ден на сите“, напиша утрово Олешчук на својот канал на апликацијата Телеграм.

Back to top button
Close