Украинска мајка: „Видов како беше убиена мојата ќерка”

Приказната на Викторија Коваленко е е една од многуте трагични стории. Кога се обидувале да побегнат со автомобил од Чернихив биле погодени од руска ракет.

Викторија Коваленко јасно се сеќава на моментот.

„Имаше експлозија или некакви истрели. Тоа ме оглуви. Задното ветробранско стакло се скрши. Мојот сопруг извика: ‘Излези од колата’“.

 

Ужасот на тој ден е речиси незамислив.

 

Девет дена од војната во Украина, додека борбите беснееја, Викторија и нејзиниот сопруг Петро конечно решија да побегнат од Чернихив, на северот на земјата. Сакаа да ги заштитат децата. Дванаесетгодишната Вероника беше ќерка на Викторија од првиот брак. Нејзината друга ќерка Варвара има само една година.

Го зеле тоа што им било потребно и се оддалечија од семејниот дом. Додека ја напуштаа периферијата на градот, упатувајќи се на југ во близина на селото Јахидне, камењата на патот им го попречија патот. Петро застана и почна да ги трга од патот.

Неколку секунди подоцна беше пукано на нивниот автомобил.

„Мојата постара ќерка Вероника почна да плаче, бидејќи главата ми беше исечена од парче летечко стакло и крварев“, вели Викторија. Додека зборува, таа покажува на место високо на левата јаболчница, мала, искривена црвена лузна.

„Вероника почна да вика, рацете и се тресеа, па се обидов да ја смирам“.

Автомобилот бил погоден од руска граната и се запалил.

„Се обидов да останам смирена, ја држев мојата ќерка и требаше да ја одведам на сигурно“.

Таа повеќе не го виде Петро, но неговата тишина ѝ кажа на Викторија дека и нејзиниот сопруг е мртов.

 

Дванаесетгодишната Вероника е убиена кога се обидувале да побегнат од пукотниците

Повеќе

Back to top button
Close