Украински власти: Во Мариупол има средноековни услови за живот, има ризик од колера и дизентерија

Жителите на опколениот украински град Мариупол, покрај гранатирањето од руските сили и недостатокот на храна и вода, се соочуваат со закана од болести предупредија украинските власти, опишувајќи ги условите за живот во градот како средновековни.

„Колера, дизентерија и ешерихија коли се закана за околу 100 000 жители на Мариупол поради неподносливите услови за живот во нехигиенски услови“ се вели во соопштението од официјалниот Твитер профил на украинскиот парламент, пренесува Си-Ен-Ен.

Температурата на воздухот веќе достигна 20 степени, поради што се предупредува дека наскоро во градот би може да избијат смртоносни епидемии – поради недостатокот на централизирано водоснабдување и канализација, распаѓањето на илјадници трупови под урнатините и катастрофалниот недостиг на вода и храна.

Во соопштението се вели дека „окупаторите не можат да обезбедат храна за населението, како и вода или лекови“.

„Тие ги блокираат сите обиди за евакуација. И без тоа луѓето ќе умираат. Сега во разурнатиот Мариупол има средновековни услови за живот“ посочија тие.

 

Back to top button
Close